05 Мај, 2024
0.0263

ЕДНА ГОДИНА ОД ПАДОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Славната обвинителка осудена на затвор, уште е дома

Објавено во: Македонија 22 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Една година помина откако полицијата по налог на Јавното обвинителство влезе во домот на Катица Јанева и ја приведе. Тоа беше 21 август 2019 година, ден чиј исход и се навестуваше. Претходниот таа се појави во обвинителството да даде исказ за случајот Рекет. Дотогаш во аферата нејзиното име само се споменуваше, а нејзиниот глас се појави и на снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзани со аферата Рекет.

Тој августовски ден, Бојан Јовановски - Боки 13, првообвинетиот и осуден во случајот веќе беше во притвор.Тој ден паднаа многу надежи кои се гаеја околи личноста Катица Јанева. Сега таа е осудено лице. За случајот доби седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба и овластување чие извршување уште го чека дома, затоа што одлуката не е правосилна.

Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева и претходно пред август веќе западна во длабоки компромитации и голем пад на рејтингот, за пикот на се да биде нејзината (не)очекувана оставка и евентуалната поврзаност со рекетарство.

Јанева уште тврдеше дека е невина, но судот пресуди поинаку.

Веќе не постои ни СЈО, митот пропадна, пропаднаа ли надежите дека нешто ќе се смени во државава?

Обвинителката Вилма Рускоска во текот на завршните зборови рече дека Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели. 

Титаник 1, Титаник 2, Титаник 3, Транспортер, Таргет/Тврдина, ТНТ, Тортура, Тврдина 2, Насилство во општина Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Шпион, Тарифа, Тенк, Труст, Табла, Триста, Тотал, Тифани, Траекторија, Тревник, Талир 1, Талир 2, Маџар Телеком, се предметите за кои има или имало обвиненија и судски рочишта.

Во фаза на истрага беа се предметите Рентген, Продуцент, Транспортер 2, Тарифа 2, Странски служби, Друмарина, Лидери, Актор, Попис, Моќник, Дизајн, Монструм, Поштенска Банка, Пропаганда, Империја, Хармонија, Базни станици, Пациент и Подарок.

Дел од обвинителите од СЈО веќе се распределени во други обвинителства во државата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува