26 Април, 2024
0.0299

Една година од Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска се одбележува точно една година од потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици помеѓу тогашните министри за надворешни работи на Македонија и Грција - Никола Димитров и Никос Коѕијас,.

Со оваа спогодба се стави крај на речиси тридеценискиот спор меѓу Скопје и Атина околу името, а во меѓувреме Коѕијас си поднесе оставка како шеф на грчката дипломатија.

Со спроведувањето на овој документ се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија, а Македонија согласно договореното се преименува во „Република Северна Македонија“, државјанството остана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

Во земјава се спроведоа уставни измени, а согласно Договорот Грција прва го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што досега го сторија 17 земји-членки и се очекува до крајот на годинава или на почетокот на следната и официјално земјава да стане дел од Алијансата. За преговорите со ЕУ очекувањата беа дека ќе добиеме зелено светло овој месец, но по најавата дека германскиот Бундестаг за последниот извештај на ЕК ќе расправа во септември, сега очекувањата за датум се поместија за наесен.

Договорот има голема поддршка од меѓународната заедница, која го оценува како своевиден пример за решавање спорови, во регионот, но и во светски рамки, а поради него Северна Македонија во последниот извештај на Европската комисија беше наречена светол пример во регионот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“