09 Октомври, 2024
0.0984

Една од најдобрите Android функции пристигнува и на iPhone

Објавено во: Стил 10 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Гугл неодамна го претстави Lens - во прашање е сервис кој е во состојба да препознае работи и предмети од реалниот живот кои сте ги фотографирале со камера и потоа ви дава повеќе информации за нив.

За ова е задолжена вештачката интелигенција, а сопствениците на iPhone ќе може да ја користат ако имаат симнато Google Photos апликација.

Lens користи технологија за длабоко учење како би го сфател светот кој му го прикажува камерата.

Ако ја насочите камерата на телефонот кон книга и ја фотографирате, Lens ќе ја идентификува и ќе ви даде опција да ја купите.

Покрај тоа, Lens поседува способност автоматски да се поврзе со WiFi мрежа, како и нечија визит карта да ја претвори во дигитална информација.