Добивај вести на Viber
Македонските лекари кои се декларираат како пушачи во просек пушат по 17 цигари на ден, почнуваат да пушат околу својата 20-та година, а една третина се обиделе да ги остават цигарите. Според истражувањето на Центарот за социјална медицина, 30 проценти од македонските лекарите се пушачи, а почесто оваа навика е присутна кај претставниците на машкиот пол.
„ Повеќе од 30 отсто од испитаните лекари изјавиле дека некој пушел цигари на нивното работно место. Овој податок е загрижувачки од гледна точка дека не се почитува законот за забрана на пушењето ниту во здравствените установи, што ги одобрува предлог мерките за проширување на надлежностите во контрола на спроведувањето на законските мерки“, соопштуваат од Центарот за социјална медицина.
Над 60 отсто од лекарите сакаат организирање специјални обуки за одвикнување од пушење, како и нови информации и нови техники за откажување од навиката .
Сепак ова истражување покажува и дека сега, од цигари се зависни помалку лекари споредено со 1999 година кога како пушачи се декларирале 42 отсто од докторите.
Ова истражување за пушењето кај лекарите е направено по електронски пат, а учествувале лекари и од јавното и од приватното здравство.