20 Декември, 2025
0.2979

Еднаш масер засекогаш масер во МОН

Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 13:00

Добивај вести на Viber

Откако огласот на Министерството за образование и наука привлече огромно внимание на јавноста со наведувањето на посебни услови диплома од областа на кинезиологијата, од секторот кој го води Рената Дескоска-Треневска излегоа со подетално објаснување за настаната состојба и зошто токму за позицијата помлад соработник за јавни набавки се бара лице кое може да работи како физиотерапевт или масер на телесни повреди. МОН објаснува дека еднаш претходно веќе било примено лице со диплома од областа на кинезиологијата додека министер бил Никола Тодоров, па сега морале да ги повторат истите услови за истото работно место согласно систематизацијата. 

Во врска со Јавниот оглас за вработување во Министерството за образование и наука, поточно за работното место Помлад соработник за јавни набавки, Одделение за координација на јавни набавки, би сакале да Ве информираме подетално околу настанатата ситуација.

Во минатото, на 06.05.2011 година, во МОН, било вработено лице што по класификацијата на научно-истражувачки подрачја, спаѓа во научно подрачје – Општествени науки, група Кинезиологија.

Со Решение од 25.08.2014 година, лицето се распоредува на работно место Помлад соработник за поддршка на јавните набавки, и на истото работно место е до денес. Вработеното лице поседува Потврда за положен испит за лице за јавни набавки, издадена од Министерство за финансии, Биро за јавни набавки.

Кога лицето се вработило на тоа работно место, неговото образование било предвидено во Правилникот за работни места на МОН за таа позиција, а новите огласи за вработување мора да го содржат образованието што го имаат вработените во МОН од претходно на тоа работно место.

Единствената причина поради која не е избришана квалификацијата од  Правилникот за работни места, сега веќе предвидена во новиот оглас за вработување, е поради фактот што лицето сега поседува Потврда за положен испит за лице за јавни набавки. Доколку неговото образование (Кинезиологија) биде избришано од систематизацијата, лицето кое веќе е вработено, треба да биде прогласено за технолошки вишок во МОН“, се вели во објаснувањето од Министерството за образование.


Можеби ќе ве интересира

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него