30 Април, 2024
0.0255

Ефикасен начин за контролирање на метаболизмот

Објавено во: Стил 14 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Метаболизмот е главниот виновник за дебелеење и слабеење.

Сите ние сме свесни дека метаболизмот е во основата на слабеењето и дебелеењето.

Ако се запрашате зошто не можете да го симнете вишокот килограми, и покрај напорите кои ги вложувате, тогаш треба да бидете свесни дека главниот виновник за тоа е токму метаболизмот.

Во пракса тоа значи дека размената на материите не работи нормално.

Ако внатрешните органи работат нормално и мускулите се добро одржувани, мажите можат да согорат во просек околу 60 калории на час, а жените - 55.

Можеме да ја подобриме размената на материите и да го забрзаме метаболизмот, без да мора да вложуваме многу напори.

Треба да бидете свесни дека ризикувате да натрупате вишок килограми како кај прекумерен внес на храна, така и при гладување.

Кога ќе одлучите дека треба да се подложите на глад, организмот почнува да "мисли" дека треба да се презасити.

Така телото ја задржува својата енергетска ефикасност и го отежнува варењето на хранливите материи, а тоа води автоматски до забавување на метаболизмот.

Другиот важен услов освен земањето на нормални количини на храна, е да ја потрошите редовно енергијата, а не да ја зголемувате.

Можете лесно да го извршите овој услов како тренирате или пак одите и се враќате од работа пеш.

Ако спортувањето ве плаши, тогаш тука трееба  да се спомене дека не е потребно да се измачувате со часови во салата. Неопходно е да одвоите само 15 минути дневно за да ја обезбедите нормалната работа на организмот.

Ако го поминувате целиот свој работен ден седејќи на стол, тоа треба да се надокнади со внесуавње на овошје и зеленчук и да не заборавате да пиете 2-3 литри вода на ден.