ЕГЗОДУС НА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: Сите бегаат од оваа држава
Објавено во: Свет 16 Јули, 2018
Илјадници странски работници ја напуштаат Саудиска Арабија поради тешките услови и овој тренд нема да престане.
Додека компаниите водат битка за работа, властите воведоа нови давачки за странци, поради што странските работници си одат од најмоќната арапска економија.
Во првите 3 месеци бројот на странци се намалил за 6%.
Тој сега е сведен на 10.2 милиони, што значи дека 700.000 веќе ги напуштиле кралството.
Тоа се работници кои биле ангажирани во градежниот, трговски сектор и производство.
Од друга страна стапката на невработеност пораснала и сега е 12.9%.
Од почетокот на 2016 година странците не ја гледаат Саудиска Арабија како место кое е добро за вработување.
Земјата има и економски и политички проблеми.