14 Декември, 2025
0.0423

ЕХОКАРДИОГРАФИЈА НА СРЦЕ ТРИ МЕСЕЦИ ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД Е ОСНОВНА ПРЕВЕНЦИЈА: Проф.д-р Сашко Јовев детално и за најсовремените пристапи во кардиохирургијата

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

Пандемијата на корона вирусот се уште не е завршена, иако бројките на новозаразени со Ковид 19 даваат надеж дека епидемиолошката состојба е мирна и стабилна и нема оптоварувања на здравствените системи насекаде во светот. Најголемото внимание на светската јавност сега е свртено кон војната во Украина, но научната, односно лекарската фела сугерира дека не смее да се занемари две и пол годишната борба со короната. На почетокот, најголемиот проблем беше лекувањето на самата болест, а сега поголем проблем создаваат последиците од прележаниот ковид. Освен се поголем број на пациенти со невролошки проблеми, губење на меморијата, мозочни удари, потешкотии во дишењето, прележаниот корона вирус остава последици и на срцето. На оваа тема Фактор разговараше со проф. д-р Сашко Јовев, директор на Клиниката за кардиохирургија.

-Во текот на викендот во Скопје беше организиран регионален симпозиум на кој присуствуваа врвни кардиохирурзи, директори на клиники од целиот регион. Имавме неколку клучни теми на кои разговаравме, но секако неизбежна беше и темата за последиците од корона вирусот. Иако не многу често но дефакто има пост ковид црцева слабост. Сега засега не е пречеста, можеби ќе биде почеста и повеќе ќе се манифестира во понатамошниот период. Затоа дел од земјите преземаат превентивни мерки. На пример, веќе во Германија задолжителен е ехо преглед на срцето три месеци по прележан Ковид-19 за да се утврди евентуално оштетување на срцевиот мускул. На нашата Клиника имавме пациентка која имаше постковидно тешко оштетување на срцето и за жал не успеа да преживее. Ние направивме навистина успешна интервенција, но направи масивна тромбоза заради коагулација од ковид. Отприлика досега имаме видено барем тројца пациенти со почетна срцева слабост заради прележан корона вирус и овој случај, за кој ви зборувам, односно тешко оштетување на срцето кај пациентката која почина. Инаку, околу 50 отсто од луѓето кои го прележаа вирусот се жалат на замор. Затоа се препорачува ехо на срцето и спирометрија на белите дробови. Ваквите случаи упатуваат на размислата дека сепак има нешто и на подолги стази ќе има уште повеќе, посочува во разговорот професорот Јовев.

Темата постковид срцеви здравствени проблеми, како што истакна проф. д-р Јовев, беше само дел од дискусиите на регионалниот симпозиум.

-Пред две години јас направив македонско Здружение на кардиохирурзи, торакални,, васкуларни и ендоваскуларни хирурзи. Сега колегите од Белград ми предложија да направиме еден интерсекциски состанок тука во Скопје, но голем интерес пројавија и колегите од останатите држави од регионов и се случи регионален симпозиум на кои присуствуваа сите шефови-кардиохирурзи од Љубљана, Загреб, Сараево, Атина Софија...Главната тема беше современ пристап во кардиохирургијата. Секако, многу дискутиравме токму за срцевата слабост, за отворена хибридна хирургија на аорта и за минимално инвазивни пристапи во кардиохирургијата. Инаку, Македонија, односно ние како државна Кардиохирургија, откако постои во последниве 5-6 години сме во чекор со Љубљана, Белград, Загреб. Сега ќе воведам и хирургија на аритмија и секако ќе се посветам на минимално инвазивната кардиохирургија. Освен тоа, планирам и вовдеување на хибридна сала, но во нашиот следен разговор, ќе се задржиме на повеќе детали токму околу ова последново, нагласи професорот Јовев во разговорт за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово