ЕК во извештајот за Македонија ќе бара специјално судско одделение?
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Новиот извештај за напредокот на Македонија кој се очекува да го објави Европската комисија ќе има посебен дел посветен за судството, брифираат дипломатски извори за 24 Вести.
Според за сега неофицијални информации, во овој дел од извештајот ќе се третира и формирањето на посебно одделение во Основниот суд Скопје 1 кое би требало да се занимава со случаите кои произлегуваат од прислушуваните разговори околу кои е формирано и Специјалното јавно обвинителство.
Објавувањето на извештајот за напредокот се очекува во ноември, во очи на предвремените парламентарни избори во декември.