ЕК:8,3 милијарди евра загуби за поседувачите на депозити над сто илјади евра во Кипар
Објавено во: Свет 16 Април, 2013 09:57
Сопствениците на големи депозити во двете водечки банки на Кипар се очекува да претрпат загуби во износ од 8,3 милијарди евра во периодот на реализацијата на антикризниит план, изработен од Еврогрупата, соопшти Европската комисија.
Под големи депозити на островот се подразбираат суми од над сто илјади евра, кои се сметаат за неосигурани според европското законодавство.
Документот на Еврогрупата за Кипар бил со датум од 12 април и ознака „конечна варијанта“. Во него се нагласува дека финансиските потреби на Кипар за периодот 2013-2016 година изнесуваат 23 милијарди ерва, од кои 13 милијарди земјата е должна да ги обезбеди од внатрешни извори, а 8,3 милијарди евра ќе дојдат од големите неосигурани депозити во двете банки - Народната банка и Банката на Кипар.
Меѓународната рејтинг агенција Мудис вчера предупреди дека на Кипар му се заканува банкрот и напуштање на еврозоната, независно од договорот со Еврогрупата за доставување помош од десет милијарди евра во замена за преструктуирање на двете главни банки и воведување антикризни мерки.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




