19 Мај, 2024
0.0282

„Екатимерини“: Решавање на името може да се случи до средината на наредната година

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули се неформалната рамка за надминување на долгогодишниот ќор-сокак, објавува денеска „Екатимерини“ во текстот „Нимиц оптимист, но пречките демнат“.

Договорот за решавање на спорoт за името меѓу Атина и Скопје би можел да се случи до средината на наредната година, наведува весникот. 

Во Обединетите нации, пренесува МИА, со оптимизам се гледа на обновените разговори меѓу двете земји. И самиот Нимиц охрабрен од последните случувања во процесот изрази оптимизам дека проблемот конечно може да се реши. Сепак, се очекува тој да работи внимателно. Нимиц во оваа фаза нема да предложи конкретен предлог. Кога ќе реши да го направи тоа, најверојатно ќе предложи сложено име со географска одредница. Неговиот последен предлог „Република Северна Македонија“ е се уште на маса, а тука се и претходните предлози „Република Горна Македонија“ и „Република Вардарска Македонија“, пишува „Екатимерини“.

Нимиц, се нагласува во текстот, има поддршка и помош и од САД и ЕУ. Се очекува тој да го забрза процесот преку организирање средби на министерско, како и на премиерско ниво.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“