16 Април, 2025
0.0362

Еко Изложба во Рамстор мол - Пристигнува најзабавната Еко Изложба во градот “Цртај и Награди Добиј”

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2025 09:33

Добивај вести на Viber

Дали сте подготвени?

Пристигнува најзабавната ЕКО Изложба  во градот, Цртај и Награди Добиј

На огромно задоволство на сите дечиња, по повод “Ден на планетата Земја” Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, оваа година ја организираат најзабавната Еко Изложба,Цртај и Награди Добиј!

ЕКО изложбата ќе се одржи на 22 април во 18 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе се забавуваме!

Сите дечиња од 05-15 годни кои се заинтересирани ќе можат да земат учество во ЕKO Изложбата со изработка на ЕКО цртеж, кој треба да биде едукативен, креативен инспирирани од природата, рециклирање на смет  и може да биде изработен од материјали коишто може да се рециклираат, односно да биде изработен од пластика, најлон, хартија и слично.

Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на инфо пултот во Рамстор Мол најдоцна до 21.04.2025  или најдоцна половина час пред почетокот на настанот на 22 април на самото место на одржување на настанот.

Целта на овој настан е преку креативни цртежи да се подигне свеста за заштита на животната средина како и поттикнување на кампањи за справување со проблемите поврзани со загадувањето и климатските промени.

Трите најкреативни цртежи ќе добијат награди - штедни влогови од Шпаркасе Банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 7.000 денари, за второ место - штеден влог од 5000 денари и за трето место - штеден влог од 3.000 денари.

Разбудете ја креативноста на вашите најмили, подигнете ја еколошката свест, забавувајте се при изработката на маските, бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 22 април во Рамстор Мол!

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит