21 Април, 2025
0.0280

ТИВКО И БЕЗ НИКАКВА НАЈАВА: Мерцедес го смени легендарното лого

Објавено во: Економија 15 Април, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Германскиот автомобилски гигант Мерцедес го редизајнираше своето лого без никакви најави, настан или соопштение за печатот!

Од февруари 2025 година, познатата ѕвезда повеќе нема 3Д форма и хромирани сребрени контури, туку е многу поедноставна со дводимензионален дизајн и едноставна бела боја. Новиот дизајн моментално не се однесува на логото на автомобилите, туку исклучиво на комуникациските канали на компанијата како што е веб-страницата. Новото решение веќе се користи на германските, француските, италијанските и американските сајтови на производителот. Минималистичкиот дизајн веќе може да се види во годишниот извештај, на социјалните мрежи, во мејловите, на белешките... Љубителите на ретро стилот можат да здивнат бидејќи сребрената тродимензионална ѕвезда сè уште доминира на автомобилите.

Новиот изглед има за цел да го направи присуството на брендот помодерно, појасно и поефикасно. Следи општ тренд во индустријата бидејќи повеќето производители се префрлија од 3D дизајни на 2D решенија во последниве години, пишува Autostart. – Во комбинација со употребата на 2D верзија на логото на нашиот бренд, ѕвездата на Mercedes-Benz, за печатени и дигитални медиуми, изгледот ќе биде помодерен и визуелно поконзистентен. 3D ѕвездата ќе продолжи да се појавува на нашите возила и архитектонски елементи – изјави портпаролот на компанијата, а пренесува Auto Bild.

Оние кои внимателно го следат Mercedes ќе забележат дека ова лого не е ништо ново. Мерцедес во 2009 година претстави речиси идентична бела 2Д ѕвезда, но само накратко. Две години подоцна се случи пресврт и беше претставена 3Д верзијата, која раководството ја сметаше за порепрезентативна. Тоа лого се одржуваше до неодамна.

Легендарната трикрака ѕвезда првично датира од 1909 година и ја симболизира визијата на Дајмлер за производство на мотори кои ќе ги напојуваат копнените возила, авионите и бродовите. Оттогаш, дизајнот се менуваше многу пати.

Бизпортал.рс

Можеби ќе ве интересира

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ОВА ВЕЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ: Уште една човечка функција пропадна заради вештачката интелигенција

ОВА ВЕЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ: Уште една човечка функција пропадна заради вештачката интелигенција

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет