18 Мај, 2024
0.0283

ЕКОНОМИЈАТА ДА БИДЕ ПРЕД ПОЛИТИКАТА: Проекциите спласнаа

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Со цел економскиот развој да можат го почуствуваат и граѓаните, економијата мора да биде поважна од политиката за да се реализираат позначајни стапки на раст, велат експертите. Проекциите за економскиот раст на земјава ги спласна очекувањата меѓународните и домашните институции. Вчера и НБРМ ги намали проекциите за раст на економијата на 2,3%. Корекција направи и ЕБОР, чии очекувања се дека Македонија ќе ја заврши годината со 2% раст.Најнизок раст предвидува ММФ, 1,6%, а Владата и натаму е со најоптимистички очекувања за раст на БДП од 2,8%.

Подреализацијата на капиталните инвестиции има најголемо влијание за намалување на економскиот раст, сметаат властите. Сепак, очекувањата се дека ќе има зголемена реализација на инвестициите во наредниот период, а со тоа и забрзување на економскиот раст во следните две години.

,,За мене е клучно што и овие проекции од 2,3%, или 2,8%, зборуваат дека во Македонија може да се оствари економски раст кој што е движен од приватниот сектор. Сега покажуваме дека може да биде поинаку, дека има деловен амбиент во кој што и приватниот сектор може да обезбедува раст”, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој исто така рече дека изминатата декада апсолутниот раст бил движен од неефикасни проекти од државна интервенција, како споменици, жални врби и фасади.

За покренување на инвестицискиот циклус, според Тевдовски, потребни се проекти како изградба на автопати, со што ќе се забрза тој процес, а најважно е што економскиот раст е поттикнат од приватниот, а не од јавниот сектор.

Растот од 3,2 отсто кој го предвидува владата е нереален, па ги спуштија очекувањата на 2,8 отсто. Вчера гувернерката на Народната Банка соопшти дека исто така ја спуштиле проекцијата за економски раст надолу токму поради недостатокот на инвестиции во првата половина од годинава. Меѓународните институции исто така ги намалија очекувањата за македонската економија. Светска Банка проектира раст од 2,5 отсто, ММФ ја даде најпесимистичката проекција од 1.6 отсто, а Европската банка за обнова и развој ја спушти прогнозата на 2 отсто. Во вчерашниот извештај наведе дека растот бил поттикнат од услужниот сектор и домашната трговија, но проследен со исклучително слаби перформанси во градежништвото.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра