02 Мај, 2024
0.0327

ЕКОНОМИЈАТА ТРПИ: Блокадата од Грција закана за бизнисот!

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Штрајкот на грчките земјоделци продолжува, а граничниот премин „Евзони“ и натаму останува затворен веќе втора недела. Во земјава цистерните со нафта влегуваат преку премините  Меџитлија, Делчево и Ново Село.Иако овие алтернативни премини ги зголемуваат трошоците за транспорт, нафтоводот Солун- Скопје и натаму останува затворен. Од рафинеријата „Окта“ велат отворањето на овие премини за влез на цистерни со нафта не е доволно за да се обезбеди целосното количество на нафтени деривати во земјава.

„Вчера неколку камиони ја поминаa границата, но исто така продолжуваме да го користиме и граничниот премин од Бугарија. Во моментов тоа не е доволно за да се обезбеди целосното количество на нафтени деривати во земјава. Со оглед на тоа што капацитетот на Меџитлија не е ист како оној со граничниот премин Богородица, проблемот се уште постои“, велат од „Окта“.

Засега Владата сеуште не ги дава потребните дозволи за користење на нафтоводот. Од „Окта“ велат дека нивната подружница „Вардакс С.А.“,  која што е сопственик на нафтоводот, е подготвена веднаш да започне со работа со цел нафтоводот повторно да биде во употреба за транспорт на нафтени производи до Скопје. Но во последните две години и по чистењето на нафтводот Владата одбивала да даде дозвола за работа на нафтоводот повикувајќи се на различни технички причини. Нафтоводот е лиценциран за работа за транспорт на сурова нафта и нафтени производи.

„Во текот на овие две години „Хеленик Петролеум Групацијата“ во неколку наврати во писмена форма бараше објаснување за кои било технички или други пречки за таквото одложување, сепак овие писма останаа неодговорени се досега. Ние сме среќни дека, како што дознавме од медиумите, постојат работни групи во Владата кои започнале да работат на ова прашање. Тоа ни дава зелено светло дека прашањето треба да се реши лесно, имајќи предвид дека преку работата на нафтоводот сите проблеми кои се поврзани со превоз на нафтените производи со цистерна или со воз ќе бидат отстранети. Неодамна две активности се преземени од страна на Вардакс С.А., и ОКТА АД: ОКТА има поднесено барање за увоз на нафтени деривати преку нафтоводот, а Вардакс на 15 јули 2014 година во Министерството за економија поднесе барање за одобрување на Правила за работа на нафтоводот. Ние сме сигурни дека функционирањето на нафтоводот е во интерес на Владата која што поседува 20% од капиталот на компанијата Вардакс и многу брзо можеме да најдеме начин да го ставиме во употреба“,посочуваат од „Окта“.

Од друга страна штети од блокадите на грчките земјоделци, освен нафтената иднустрија, трпи и рударството, металургијата, фармацијата и прехрамбената индустрија. 

Алтеративните премини Дојрани, Меџитлија и Ново село( Бугарија) според пресметките на превозниците не се исплатливи, бидејќи се подалеку, а Дојрани нема доволно капацитет поради што транспортот се одвива бавно. Во меѓувреме се доцни со пратките кои тешко стигнуваат до партнерите, а штетите и трошоците паѓаат на терет на македонските компании.Пред неколку дена од Европската комисија изјавија дека ја состојбата со македонската граница.

„Алтернативните премини  значат поминување на поголем број на километри и логично е да се зголеми цената на превозот, а додека во првите моменти на блокадата алтернативата значеше спас и ослободување на возилата затоа што никој не беше спремен да ги надокнади дополнителните трошоци на превозникот , во понатамошниот период сигурно превозниците ќе побараат зголемување на цените доколку од нив се бара одново да се вратат на територија на Грција за да преземат стока за превоз“, вели Билјана Муратовска, од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.

Од бизнис заедницата веќе алармираа дека оваа состојба треба да биде поука за властите како меѓународно да се позиционира Македонија  и да се насочи кон алтернативните коридори, како Коридорот 8.

„По разни основи имаме штети и тоа не е кончено. Деловните односи веќе се нарушени, тука е ланецот тој што ја извезува суровината има обврска да ја донесе според договорот и така да ја наплати.Решението не е едноставено, но треба да се почне да се решаваат меѓусебните спорови што ги имаме со соседот и од друга страна да гледаме меѓународно како да се позиционираме во тие  патишта кои не се само државни, тие се меѓународни, изградени од европски пари. Нас ни треба да се насочиме кон коридорите кој што ни се нудат, кон други пристаништа, на пример Коридорот 8 кој не врзува со Драч и Шенѓин кој пак не врзува со Црна Гора, значи имаме излез на море“, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија. 

Според информациите од грчките медиуми  грчките земјоделци кои веќе две недели протестираат и на грчко-македонската граница засега не најавуваат повлекување на блокадата и сега бараат да се сретнат со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда