18 Мај, 2024
0.0265

Економската независност на Гренланд од Данска ќе остане само пуста желба

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гренланд тешко може да се потпре исклучиво на природните богатства во остварувањето на економска независност од Данска, што е желба на многу Инуити кои живеат на островот. Панелот од 13 научници, кој состави извештај, заклучи дека рудата и нафтата можат да помогнат во развојот на полуавтономниот Гренланд, но не и да стави крај на економската зависност од Данска. Многу жители на Гренланд сакаат потполна автономија и се надеваат дека минералните богатства би можеле да ги надоместат субвенциите од Данска, кои сега покриваат околу две третини од тамошната економија, додека останатото доаѓа од риболовот и туризмот. Околу 57.000 жители на Гренланд главно живеат на западниот брег во помали градови или одалечени населби во кои економијата се врти кон риболовот и туризмот. Премиерката Алека Хамонд, чија што влада од левиот центар дојде на власт во 2013 година, рече дека очекува Гренланд да биде независен за нејзиниот живот. Во извештајот на 13-члениот панел се наведува, меѓутоа, дека Гренланд ќе продолжи да се потпира на финансиската помош на Данска која минатата година изнесуваше околу 600 милиони долари. Гренланд, минатата година, ја укина 25-годишната забрана за ископување на ураниум, имајќи предвид дека тој често се наоѓа заедно со други ретки метали кои се употребуваат за смартфони и оружје. Во еден рудник на југот од островот би можела да биде најголемата резерва на ретки метали надвор од Кина, која во моментов допринесува за 90 отсто во нивното производство во светот.   А.А.  

Можеби ќе ве интересира

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години