14 Декември, 2025
0.0392

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024 14:16

Добивај вести на Viber

Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени. 

 -В.д економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува вд мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар. 

Таравари најави дека денеска ќе бидат разрешени седум-осум директори, а наредните денови, како што рече, ќе види за тие што имаат мандат до 8-ми, 9-ти месец, бидејќи не сака да ризикува тужби за Министерството.

Во две - три клиники каде во моментов има само организациски, а нема медицински директори меѓу кои и неговата матична Клиника за неврохирургија, Таравари најави дека утре, а најдоцна деновиве, ќе бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија.

Во однос на иницијативата за спојувањето на Клинички, Таравари изјави дека е добро тоа да се заврши што е можно побрзо, но потребно е процесот да се одвива синхронизирано.

-Не треба да се брза, мислам дека за една година максимум ќе бидат споени. Ни требаат нови систематиизации да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност, да биде се синхроинизирано, и јас ќе се обидам што поскоро да го направиме спојувањето на Клиничкиот, рече министерот за здравство Таравари.

Таравари на трибина на коалицијата Вреди, пред изборот на новата Влада, најави дека како министер за здравство штом ја презеде функцијата,  ќе се заложи за разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори.

Извор и фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово