13 Мај, 2024
0.0249

Екс директорот на ЕЛЕМ Дејан Бошковски ќе биде нов член на регулаторната комисија за енергетика!

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Власта го вдомува не така одамна разрешениот директор на ЕЛЕМ во регулаторната комисија за енергетика. Имено, на дневен ред во Собранието, денеска освен Буџетот за 2017 година и рапсутањето на Собранието е и изборот на двајца нови членови на Регулаторната комисија за енергетика..Неодамна сменетиот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски утре ќе им биде предложен на пратениците за избор на нов член во регулаторната комисија за енергетика..

Пратениците денеска освен за Буџетот за 2017-та година и распуштањето на парламентот, меѓу другото ќе гласаат и за предложените од Владата двајца нови членови на регулаторната комисија за енергетика. Неодамна разрешениот од Владата директор на државните електрани (ЕЛЕМ) Дејан Бошковски и Енвер Ељмази се двата владини предлози за членови на Регулаторната комисија за енергетика.

Дејан Бошковски од октомври 2012 година до септември 2016 беше прв човек на ЕЛЕМ. Беше сменет неодамна, откако на негово место беше избран Христијан Мицковски..

Енвер Ељази од 2004 година е во правниот сектор во регулаторната комисија за енергетика.

Мандадот на членовите во регулаторната комисија за енергетика е 5 години. На огласот се пријавиле 5 кандидати, од кои двајца биле со уредна документација, а тројца не.. Регулаторната комисија за енергетика брои 7 членови..Еден член треба да биде одговорен за правни прашања од областа на енергетика, еден од економската сфера и еден одговорен за управување со води..Бошковски би требало да биде во делот управување со води..

За тивките директорски смени во ЕЛЕМ и МЕПСО

Дејан Бошковски, неодамна беше разрешен од позицијата генерален директор на ЕЛЕМ. Според опозицискиот СДСМ, со смената на директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, се потврдиле катастрофалните политики што неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ ги воделе во енергетскиот сектор. СДСМ смета дека поради несовесното работење изминативе 10 години граѓаните плаќаат за 100 отсто поскапа струја.

По Бошковски, оставка си поднесе и Синиша Спасов, кој беше генерален директор на МЕПСО..

Бошковски - сопруг на Билјан Бришковска, позната од „бомбите“ на Заев

Инаку, Дејан Бошковски е сопруг на Билјана Бришковска Бошковска, заменик министер за правда, која јавноста имаше можност да ја слуша и во политичките бомби кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев..Во прокетот Вистината за Македонија, во неколку од „бомбите“ на Заев беа и разговорите на сопругата на Бошковски, Билјана Бришковска, во еден разговор со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а во друг разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески..Една од „бомбите“ каде во разговорите се слуша гласот на Бришковска, е поврзана со сомневањата за изборни нерегуларности, а се разговара за гласачи од Пустец..  

Р.Ф


Можеби ќе ве интересира

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта