Екс лидерот на СПУКМ, Спироски вработен во ЕЛЕМ
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016
Поранешниот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски, кој ги реализираше последните скандалозни избори за негов наследник, е вработен на неопределено време како референт во ЕЛЕМ, објави Студентскиот пленум.
Како што пишува во известувањето до кандидат кој е одбиен, Спироски е избран на јавниот оглас и ќе работи во Подружница ХЕЦ Треска во Скопје.
„4 години нелегитимен претседател на СПУКМ. 4 години краде наши пари. “Мандатот” го завршува со интервенирање од Единицата за брзо распоредување. И добива работа. Кириле, ние сме ти крајот!“- напишаа од Пленумот.
Спироски бегаше од студентите при последните избори за претседател на СПУКМ откако беа украдени кутиите со цел истите да не се бројат на факултетите туку во просториите на СПУКМ.