26 Април, 2024
0.0359

Ексклузивни репортажи од Давос за Фактор: Работен појадок на Фајненшл тајмс за земјите на ЦИЕ

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Денот започна со познатиот „Executive Breakfast Forum“ на магазинот „Фајненшал Тајмс“ за земјите од Централна и Источна Европа,  каде гости беа претседателот на Полска, Анжреј Дуда, Колинда Грабар Китаровиќ, претседател на Хрватска во заминување, престедателот на Латвија Егилс Левитс и премиерот на Естонија Јури Ратас.

Темата на форумот e „Растечка Европа - Економска виталност за земјите од Централна и Источна Европа“, а настанот го отвори Гидеон Рахман од Фајненшал Тајмс.

Претседателот на Полска зборуваше за трите цели на зејмите на ЦИЕ односно дигитализација, градење на енергетски капацитети и транспорт.

Грабар Китаровиќ истакна дека економијата во Хрватска порасна со стапка од 3 проценти, а не заборави да го спомене и иноваторот Мате Римац и да наведе дека токму Хрватска е производител на најбрзиот електричен автомобил во светот. Оваа година Хрватска го презема претседателството со Европскиот Совет и истакна дека конечно низ овие заеднички иницијативи на ЦИЕ Централна Европа конечно го презема сама раководството на својата судбина.


Претседателот на Латвија истакна дека она што ги поврзува земјите од Балтикот, Адриатикот и Балканот е динамичноста. Зборуваше за политичките и економските инфраструкурни иницијативи и наведе дека токму преку рамка на соработка земјите можат да одат напред. Истакна дека и за успехот на Латвија во голема мера се должи на даночниот систем кој е прогласен за најдобар во светот и зборуваше за ефективното справување со процесот на “перење на пари” и рече дека и другите земји треба да го следат овој успешен пример.

Премиерот на Естонија зборуваше за трите иницијативи кои се поттикнати на овој работен појадок на земјите на ЦИЕ, односно дигитализација, формирање на ЦИЕ инвестициски фонд и формирање на телот кое ќе работи на одржување на тој фонд.

По обраќањата на високите претставници се обрати претседателот на Атланскиот Совет, Фред Кампе кој го отвори панелот за раст на Европа, на кој му се придружија Каран Бахтиа, извршен претседател на Гугл, Давид Меккормик, Ко-ЦЕО на Бриџватер Асоциатес (еден од најголемите инвестициски фондови во светот), Јоб Роџерс, Извршен раководител на една од најголемите банки во светот Годлман Сакс и Џорџете Мохбахер, Амбасадор на САД во Република Полска.


Низ интересната дискусија би сакала да наведам неколку поенти кои би биле и во интерес на нашата земја. Амбасадорката на САД говореше за потребата во секоја од земјите да се формира инвестициско тело, но не за да организира настан еднаш во годината туку, како што рече таа, за средби секој месец. Проблемот со кој се соочуваат Амбасадорите е што дури и кога сакаат да донесат инвеститор не постои тело на кое можат да се обратат.

Најпознатиот банкар наведе дека како инвеститор кој сега отвара Голман Сакс технолошки хаб во Полска она што тој го бара е даночни реформи и владеење на светското право. Мора да постои правен систем кој ќе ги штити правата на сопствениците/инвеститорите.


За Фактор од Светскиот Економски Форум во Давос, Аријана Коскарова, Форбес под 30 и спикер на годинешната конференција во Давос

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9