27 Април, 2024
0.0319

Ексклузивно: Кои се сите опции за комплетирање на нафтените резерви?

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Државата нема да може да формира нафтени резерви кои ќе покриваат 90 дена до 2023 година како што е и законската обврска ако не го зголеми надоместокот кои потрошувачите го плаќаат за нафтените резерви, смета Европската енергетска заедница (ЕЕЗ). Додека во земјава се води дебатата за наплатата на надоместокот кон нафтените компании кои ги чуваат резервите без пари со години, во изјава за Фактор оттаму велат дека во следниот период Макеоднија ќе треба да го зголеми и трошокот на потрошувачите за да може да се соберат доволно пари и да се формираат резервите. Имено државата и сега наплатува од потрошувачите надоместок за задолжителните резерви или по 0,3 денари за секој купен литар дизел и по 0,89 денари за секој купен литар бензин.

„Во моментот, Македонија не ги  прекршува правилата од Енергетската заедница во врска со нафтените резерви. Моментно, резервираната нафта е за околу 60 дена. Од наша перспектива, со цел да се исполни обврската од 90 дена до 1 јануари 2023 година, очигледно е дека Македонија треба да го зголеми надоместокот што го наплатува за итни цели за чување на стоки односно давачка која се плаќа за увоз или производство на нафтени деривати и е вклучена во цената на нафтените продукти и се утврдува со Уредба од Владата. Ова зголемување особено треба да се одрази на дизелот каде што надоместокот е значително помал од другите горива, велат од ЕЕЗ за Фактор.

Инаку оттаму велат дека има и друга опција за зголемување на резервите, а тоа е таканаречен систем на билети. Тоа значи дека во иднина освен што ќе им плаќа за складирање на нафтените деривати, државата ќе дозволи нафтените компании да си ги поседуваат резервите а државата ќе има билети за да ги користи.

„Дополнителна евтина можност е воведувањето на таканаречен систем на билети за резервите кои ќе се чуваат ислучиво во Македонија, велат од ЕЕЗ.

Тоа би било опција државата да има билети, нафтата да биде на компаниите кои ќе ја обновуваат, а државата да може да ја купи со веќе резервираниот билет за во секое време да има покриеност од 90 дена. Во Моментов сета нафта која покрива околу 60 дена е на државата а се чува во резервоари на Окта, Макпетрол и на Луолил за што овие компании со години не добиваат пари. Во моментов во Министерството за финансии има работна група која работи на нова Уредба со која ќе се регулира овој надоместок. Од ЕЕЗ беа категиорчни дека надоместокот мора да се плаќа и додаваат дека во иднина од полза за Македонија би било ако протече нафта низ цевководот Солун Скопје што исто така би можело да секористи за резервите.

И вицепремиерот Кочо Анѓушев вчера потврди дека се водат преговори за новата уредба, а и тој и ЕЕЗ тврдат дека набрзо можно е решение.

Складирањето на задолжителните резерви на нафта во Македонија се врши во согласност со Законот за задолжителни резерви на нафтени деривати од 2008 година со измени и дополнувања. Новиот Закон за задолжителни резерви на нафта беше усвоен во октомври 2014 година. Законот требаше да се применува од 1 јануари 2015 година. Меѓутоа, во декември 2014 година, декември 2016, декември 2017 и декември 2018 година, Собранието усвои 4 соодветни закони за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, со кои ја одложи примената на новиот закон и според последната измена, се предвидува да влезе во сила од 1 јануари 2020 година.

Главната причина поради која беше одложена примена на Законот од 2014 година е дека Владата сака да продолжи со користење на нафтени резерви за некои други потреби  - на пример, користење на дизел за локален транспорт, мазут за возови или за наводнување, а греење на училиштата и болниц. Новиот закон повеќе не дозволува таква употреба.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра