Експлодира профитот на американските банки, сите вчудоневидени
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016
Профитот на американската банка „Морган Стенли“ скокна во третото тромесечие за 57 отсто, јави Блумберг.
На раст на профитот допринело пред се тоа што приходите од тргувањето со хартии од вредност со фиксни приноси се речиси тројно зголемени.
Нето добивката пораснала на 1,6 милијарди долари, или на 81 цент по акција, од 1,02 милијарди долари или 48 центи по акција од истиот период лани, се наведува во соопштението на њујоршката банка.
„Нашата иницијатива поврзана за намалување на трошоците продолжува. Вкупните резултати се одраз на стабилен напредок“, стои во изјавата на генералниот директор на банката Џејмс Горман.
Приходите од тргувањето со производи со фиксни приноси пораснале на 1,5 милијарди долари, надминувајќи ја така проценката на аналитичарите од 1,0 милијарди долари, додека вкупните приходи на банката скокнале за 15 отсто, на 8,91 милјарда долари, со што е надмината проценката на 18 аналитичари кои ги анкетирал Блумберг, од 8,14 милијарди долари.
И други американски банки ги надминале очекувањата на аналитичарите, при што приходите на „Голдман Сакс“ од тргување со производи со фиксни приходи пораснале за 49 отсто, а „ЈП Морган Чејс“ за 48 отсто.