Експлозија во рудник во Кина, голем број жртви
Објавено во: Свет 12 Мај, 2013
Дваесет и седум лица загинаа во експлозија во рудник за добивање јаглен во југозападна Кина, јави ДПА. За време на експлозијата во рудникот Таоцзгоу во градот Луџоу, во провинцијата Сечуан, под замја работеле сто и осум рудари.
Шестнаесет од вкупно 81 преживеан се ранети и им е пружена лекарска помош.