05 Мај, 2024
0.0252

Експресниот пат Штип-Радовиш доби датум на почеток на градба

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По повеќе години од најавата за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш конечно е утврден датумот на старт на градежните активности со тоа што ова ќе биде продолжување на проектот за автопатот Штип-Миладиновси.

Следниот месец треба да почне изградбата на експресниот пат во должина од 23,5 километри, инвестиција во вредност од 28 милиони евра, обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. Патот ќе се гради на целосно нова траса од местото Софилари пред Штип до Бучим. Mаксималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час.

Како што најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, веќе е потпишан договорот за изградба и новиот  пат треба да биде завршен до крајот на 2020 или почетокот на 2021 година. Истовремено со изградбата ќе се изврши обнова со проширување на постоечкиот регионален пат, во што ќе бидат вложени три милиони евра. 

-  Овој пат ќе биде продолжување на автопатот Миладиновци – Штип кој очекуваме да биде завршен следната година и се надеваме оти ова комплетно ново сообраќајно решение ќе придонесе за намалување на времето за транспорт на стока и патници, рече Сугарески, потенцирајќи ја важноста на патот за жителите од регионот и посочувајќи оти сообраќајот на стариот регионален пат се одвива во отежнати услови од аспект на безбедноста.

Новиот експресен пат ќе има две ленти со ширина од 3,5 метри и две ленти за застанување со ширина од два метра. Предвидено е да бидат изградени 11 мостови, 22 пропуста,  три надпатника и два потпатника.

Активностите на терен ќе ги извршува австриската компанија „Штрабаг“  која е избрана како најповолен понудувач.

Според договорот, проектот ќе се реализира во два дела. Првиот дел е изградба на експресен пат во должина од 23,5 километри по целосно нова проектирана траса за што се обезбедени финансии со заем од ЕБОР. Вториот дел опфаќа петгодишно одржување на делницата од клучката Три Чешми до клучката Радовиш што ќе биде финансирано од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Сугарески на прес-конференцијата информираше дека е потпишан договор за изградба и на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп за делницата од Градско до Дреново за каде се очекува старт на активности до крајот на годинава. Пред потпишување е договорот за изградба на првата фаза од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка за делница Страцин – Длабочица. Сугарески  се надева дека наскоро ќе бидат надминати и проблемите што се појавија во тек на изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани, со експропријација на земјиштето и три археолошки наоѓалишта. 


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?