Екстремист застрела четворица полицајци во Германија
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Четворица полицајци се повредени во престрелка во Германија предизвикана од антивладин екстремист, кој одбил да го даде оружјето.
Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи на провинцијата Баварија, пренесоа ДПА и АП.
Според податоците на полицијата 49-годишниот човек, кој исто така бил повреден и уапсен, е член на движењето „Граѓани на Рајхот" - екстремистичка група, чии следбеници не ја признаваат повоената германска држава.
Тој имал легално огнено оружје кое полицијата сакала да му го одземе.
Кога полицајците упаднале во станот на мажот во баварскиот град Георгенсмонд, мажот веднаш отворил оган. Некои од полицајците повредени во престрелката, се во тешка состојба.
Движењето „Граѓани на Рајхот" е под надзор на германската служба за контраразузнавање.