26 Април, 2024
0.0295

Електромобилност: Намалување на ДДВ за електрични, а не за стари возила

Објавено во: Економија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Здружението за промовирање на електрични возила „Електромобилност“ реагира на најавите кои доаѓаат од Владата и од министерството за економија дека данокот на додадена вредност за увоз на моторни возила би можел да се намали од 18 на под 5 отсто на одреден период.

„Имено на 31.07.2019 г. од страна на нашето Здружение за промовирање на електрични возила ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ Скопје, беше поднесена предлог иницијатива до Министерството за финансии за намалување на ддв од 18% на 5% при увоз на електрични возила, откако пропаднаа првичните најави на Владата кои воедно беа и дел од „Планот за чист воздух“ да се субвенцонираат електрични и хибридни возила.

На ваквата наша иницијатива Министерството за финансии ни достави одговор дека е неприфатливо намалувањето на ддв од 18% на 5% при увоз на електрични возила бидејќи:
"Негативни фискални импликации од намалувањето на данокот на додадена вредност за предметните добра не се предвидени при планирањето на буџетските приходи по основ на данокот на додадена вреднот.
Дополнително би сакале да известиме дека прифаќањето на предложеното намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5% за електрични возила е во спротивно на Анекс III од директивата за ДДВ на Европската унија, што негативно ќе се одрази во извештајот на Република Северна Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија во делот на поглавјето кое се однесува на Одданочувањето.“, пишува во првиот дел од реакцијата.

Од таму велат дека се работи или за популизам или за некоординираност помеѓу двете министерства - за економија и за финансии. И од Владата и самиот министер за економија Крешник Бектеши најавија дека ќе следуваат јавни расправи со сите засегнати страни, се со цел да се утврди како мерката ќе се одрази на државната каса. Едни мислења влечат на страната  за времено намалување на ДДВ-то на увоз на половни и нови автомобили, а други за мерката за субвенционирање до 300 евра при купувањето автомобил.

„Епа сега г-дине Крешник Бектеши навистина не интересира дали се искоординиравте со Министерството за финансии пред да го дадете овој предлог кој очигледно дека негативните фискални импликации од вака намаленото ддв не се предвидени од страна на Владата? или тоа во овој случај нема да важи? Во што се разликува Вашиот предлог од нашата иницијатива освен во тоа што ние зборуваме за увоз на електрични возила а Вие за увоз на стари (и „нови“) возила од кои 99% ќе бидат со мотор на внатрешно согорување.
Во првичната верзија на предлог измените на Законот за возила прво кажавте дека ќе се субвенционираат електрични и хибридни возила (за што многу се фалевте и измените ги најавуваа и други институции), за да на последното читање во Собраниска комисија со амандмани ги измените целосно предлозите за промена на Законот и го направите целосно нефункционален во поглед на средување на возниот парк во Државава, кој е КАТАСТРОФАЛЕН, и е втор по големина причинител за загадување на воздухот.
А на Министерството за Финансии едно прашање кое не е лошо да го проверат, дали во Португалија и Австрија има намалување на ДДВ-то при увоз на електрични возила како еден од начините за мотивирање на граѓаните при набавка на овие превозни средства. Или за нив не важат правилата на ЕУ кои ги цитиравте во одговорот на нашата иницијатива?“, сметаат од „Електромобилност“.

Инаку Бектеши најави дека мерката која, како што вели тој, во моментов се разгледува, но сѐ уште не е донесена, предвидува ДДВ на моторни возила од 18 отсто на помалку од 5 отсто да се намали во период од 6 до 12 месеци и да започне да се применува од почетокот на следната година.

Истовремено од први ноември ќе започне променет начин на оданочување на возилата кои ќе се увезуваат во земјава. Сите граѓани и фирми кој ќе увезат нови или употребувани возила ќе треба да платат данок врз основа на вредноста, но и врз основа на просечната емисија на јаглерод диоксид. 



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија