26 Април, 2024
0.0327

Емилија конечно го гушна своето чедо: По кардиохируршката операција во „Аџибадем Систина“ предвреме родениот Василиј си замина дома

Објавено во: Македонија 15 Август, 2020

Добивај вести на Viber

За него се молеше цела држава, а желбите на мајката да ги победи проблемите и да биде добро, се исполнија. Ништо не е поголемо од мајчинската љубов, а таа моментално има друга суштина за Емилија Јованоска која си замина од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со малиот Василиј. Нејзиниот син е роден на 14 мај предвреме, во 27 гестациска недела со тежина од само еден килограм. За него јавноста дозна од апелите на Емилијана на социјалните мрежи за помош. 

Василиј имаше повеќе здравствени проблеми меѓу кои и отворен канал на срцето со белите дробови. Сепак по интервенцијата во „Аџибадем Систина“, по три месеци тој си оди дома. Патот допрва почнува, но Василиј сега е добро. Мајка му Емилија нема задршка на среќата. Вели благодарност до Бога кој ги слушнал молитвите, но најмногу до докторите од „Аџибадем Систина“ кои како што вели таа, биле одлични и му дале шанса на Василиј да има нормален живот. Операцијата ја изведе кардиохируршки тим на чело со специјалист доктор Владимир Чадиковски, детски кардиохирург, па приказната доби убав крај. Пред заминувањето Емилија вели дека се чувствува прекрасно.

„Прекрасно е чувството. После три месеци си одиме дома, а имаме долга борба пред нас, таасегапочнува. Сепак она што еважно е што со интервенцијата има надеж. Докторите го дадоа својот максимум и јас имсе заблагодарувам. Впрочем тоа беше битка, која немаше да има убав крај без сиот персонал овде, од „Аџибадем Систина“ . Поради зафатот бебето беше префрлено на кардиохирургија каде докторите ја завршија одлично работата. Д-р Чадиковски е огромен професионалец, многу е достапен, секогаш јасно кажуваше за сета ситуација. И низ зафатот направи многу за Василиј, вели Јованоска.

Имало и падови, но сега е успех. Чекори назад но и напред. Емилија благодари и на сите граѓани кои донираа и со што впрочем се покри лекувањето на неонатална интензивна нега. Интервенцијата пак е покриена од државниот Фонд за здравствено осигурување.

Отворениот канал на срцето кон белите дробови или таканаречениот дуктус артериозус перзистенс всушност по раѓањето треба спонтано да се затвори, но тоа кај Василиј не се случило. Дуктусот ги оптоварувал неговите бели дробови и по испитувањата во „Аџибадем Систина“ беше утврдено дека треба да се направи хируршко затворање. Д-р Чадиковски вели дека операцијата поминала одлично.

„Многу ми е драго затоа што по голема борба Василиј си оди дома. Се надеваме дека ќе има квалитетен живот. Му посакуваме убаво здравје. Секако ќе има дополнителни контроли кои и понатаму ќе се прават кај нас во „Аџибадем Систина“. Драгоми е што мултидисциплинарниотпристапво болницата вроди со плод. Тоа значи дека беа опфатени сите аспекти на лекување, благодарност за големата соработка од колегите од гинеколоија и педијатрија, вели д-р Чадиковски.

Откако беше роден Василиј, Емилија всушност го немаше гушнато своето чедо. Во „Аџибадем Систина“ тој доби нова шанса. Затоа заминувањето дома беше голем ден за неа, посебен за сите од болницата. 


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите