13 Мај, 2024
0.0247

ЕП кон Лондон: Уште денес почнете со постапката за напуштање на ЕУ

Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

 Мнозинството европратеници во Европскиот парламент побараа од Велика Британија уште денес да ја активира постапката за напуштање на Европската унија со активирање на член 50 од Лисабонскиот договор. Денес, 28 јуни, на вонредна седница во Брисел тие гласаа за резолуцијата со 395 гласа „за“наспроти 200 против.

Резолуцијата ќе биде претставена на самитот на лидерите на ЕУ од страна на претседателот на ЕП Мартин Шулц. Според член 50 земја членка треба официјално да го извести Советот на ЕУ за одлуката за напуштање. Премиерот на Велика Британија веднаш, уште денес или утре да ги извести своите колеги во Европскиот совет во врска со резултатот од референдумот и да ја активира постапката за повлекувањето, се вели во текстот, подготвен од водечките парламентарни групи на Европската народна партија (ЕПП), Европските социјалисти , Либералите и „Зелените“.

Резолуцијата нема правно обврзувачки карактер за Лондон, но е политички важна, бидејќи секој договорен договор помеѓу 27-те влади и британските власти треба да добие одобрение од Европскиот парламент. Мотивите за резолуцијата се да се спречи штетата за сите од несигурност и чување на интегритетот на Унијата.

Според партиите пред склучување на договорот за повлекување не можат да бидат договорени какви било нови форми на односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ. Резолуцијата инсистира уште за рестарт и реформа на евроинституциите. Иако е можно некои земји членки да одлучат една побавна или слаба интеграција, јадрото на ЕУ треба да биде зајакнати, се вели во документот. Се повикува Советот да го промени редоследот на ротирачките претседателства, за да не се дозволи британското напуштање да ја спречи секојдневната работа на Унијата.

Денес европратеникот и лидер на антиевропската британска партија Најџел Фарадж изјави пред Европскиот парламент дека ако не се договори добра зделка, „последиците ќе се лоши за вас, не за нас“. Иако тој беше една од главните фигури за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, денес Фарадж зборува за зачувување на добрите односи и трговски врски со Унијата. Тој, сепак, исто така, рече дека Лондон треба да ја напушти Унијата што е можно побрзо.

Од своја страна, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, исто инсистираше Лондон брзо да побара почеток на преговори со Унијата за напуштање. „Сакам Обединетото Кралство да ја разјасни својата позиција, не денес или утре, но што побрзо. Не можеме да робуваме на постојана неизвесност. За разлика од другите, јас не сум роб на финансиските пазари, но ги следам", рече тој. Берлин, Рим и Париз се противат на понатамошни разговори за иднината на односите Британија - ЕУ, додека Лондон официјално не поднесе барање за плановите да ја напушти Унијата.

Тоа пак го изјави вчера германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со лидерите на Франција и Италија Франсоа Оланд и Матео Ренци. Тројцата разговараа за напуштањето на ЕУ од страна на Британија по референдумот од минатиот четврток.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

ТОМИСЛАВ И АЛЕКСАНДРА ОТИШЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА НЕМААТ НИ ЗА ЛЕБ: Со месеци без приходи поради еден документ

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата