ЕПИЛОГ ОД НЕСРЕЌАТА ВО ХРВАТСКА: Има 10 загинати, 45 повредени, осум се во тешка состојба
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2021
Десет загинати, 45 повредени од кои осум се во тешка состојба е епилогот од тешката сообраќајка кај Славонски Брод во Хрватска, каде косовски автобус излета од патот.
Официјално досега се загинати 10 патници од косовскиот автобус кој сообраќал на релацијата Приштина – Франкфурт.
Автобусот со 60 патници утрово во 6,20 часот излетал од автопатот.
Хрватската полиција прво информираше дека се работи за македонски автобус и загинати тројца патници. Но, потоа коригираа дека се работи за косовски автобус.