ЕПП со послаб резултат на евро-изборите, помалите добија повеќе
Објавено во: Свет 27 Мај, 2019
Европската народна партија со 173 места е победник и повторно е најсилен политички блок во Европската унија, но централно-десничарите имаат послаб резултат во споредба со претходното гласање во 2014 година за 38 места помалку.
Овој пат ЕПП нема да можат да обезбедат апсолутно мнозинство заедно со социјалистите и демократите. Централно-левите се втори по сила и како пратеничка група ќе имаат 152 места во ЕП, односно 33 помалку од претходно.
Владеачките партии на германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Емануел Макрон доживеаја порази.
Либералната АЛДЕ бележи подем и има 108 пратенички места, а исто така и Зелените кои имаат 67 пратенички места.
Во 28-те земји членки на ЕУ, одзивот изнесува околу 50,5 отсто и веројатно е најголем во последните 20 години.