Ердоган: Европа срамно ги селектира бегалците
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2015 11:31
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упатил тешки обвиненија против земјите од Европската унија поради нивната политика кон мигрантите и бегалците.
Според него европските држави имаат селективен однос и водат дискриминаторска политика во однос на бегалците. Според него овие држави ќе останат во историјата со „својата срамна политика“.
Ердоган смета дека европските држави се во паника од барателите на азил само неколку стотици илјади луѓе кои се соочувале со нивните граници, додека самата Турција прифатила веќе над 2,5 милиони сириски бегалци.
Турскиот претседател изјавил дека европските држави ќе прифатат бегалци во зависност од „нивното образование, вера, талент, возраст и здравствена состојба“ и воопшто не почитувајќи ја хуманитарната страна на проблемот.
„Еден ден проблемите во Сирија и Ирак ќе бидат решени и овие луѓе ќе се вратат во своите домови. Тоа сепак, што ќе остане запечатено во нивната свест, е турската хуманост и срамот на Западот“, додал уште Ердоган, цитиран од американските медиуми .
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




