16 Мај, 2024
0.0253

Ердоган ќе пушти во употреба нов мост за чудо и приказ

Објавено во: Стил 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Осум ленти за автомобили и 2 железнички линии ќе има на третиот мост над Босфор, кој во петок ќе биде официјално пуштен од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Мостот е именуван по деветтиот султан на Отоманската империја, Селим Јавуз Свирепиот. Ердоган, кој лично го направи последното заварување на конструкцијата на мостот во март, го нарече „ѕвезда проект на Турција" и симболично го подари на турските жени за празникот 8 март.

Мостот, како и другите 2 над Босфор, е висечки. Широк е 59 метри, висок е 322 метри, а долг 2164 метри. Ова го прави највисокиот висечки мост во светот, за што се гордеат  турските власти. Изградбата почна во мај 2013 година, а проектот вреди 2,5 милијарди евра.

Се очекува мостот да го олесни сообраќајот во Истанбул. Првиот мост над Босфор е изграден во 1973 година, кога градот имал население од 3 милиони. Вториот мост што ги поврзува Европа и Азија, е изграден во 1988 година, кога во Истанбул живееле  8 милиони. Сега, кога градот достигна рекордни над 16 милиони жители, Истанбул има и трет мост.