02 Мај, 2024
0.0255

Ердоган на 9 мај во Македонија?

Објавено во: Финансии 29 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата предизборна програма би можел да најде простор на 9 мај да ја посети Македонија, велат извори од владиниот коалиционен партнер Движењето на Турците во Македонија.

Ердоган уште во февруари преку контактите со македонски државни функционери истакнуваше дека во мај на агендата му е посета на Македонија, но во меѓувреме се распишани предвремени парламентарни и претседателски избори во Турција за 24 јуни.

Инаку, од ТХП велат дека тимови на Ердоган подготвуваат и инвестициски договори и договори за трговска размена и соработка, кои би можеле да се потпишат во Македонија. 

Министерот без ресор за странски инвестиции, Аднан Ќахил, кој доаѓа од оваа партија е близок пријател со влијателниот претседател на Турција.

Во меѓувреме, Претседателот на Партијата на правдата и развојот (АКР) во Анкара пред своите соработници откри дека еден политичкиот митинг ќе се одржи во спортска сала во Европа. Се верува дека тоа ќе биде некаде на Балканот, откако тој влезе во жестоки дуели минатата година со европските челници при обидите на неговата партија да одржи собири во европските градови каде има голема турска дијаспора, во рамките на кампањата за референдумот за проширување на претседателските избори. Германија, Холандија и Австрија ги забранија овие настани и ги оневозможија собирите со учество на турски министри.

„Во мај ќе го одржиме својот прв состанок во спортска сала во Европа, ако даде Господ. Сите подготовки се готови. Засега не сакам да кажам во која држава тоа ќе се случи“, рече турскиот претседател.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци