20 Декември, 2025
0.0591

Ердоган побара нов устав на комеморацијата за Ататурк

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 14:59

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара издавање на нов устав за време на комеморацијата по повод 77-та годишнина од смртта на првиот претседател на земјата, Мустафа Кемал Ататурк, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Изборите на 1 ноември доведоа до четири години на стабилност и доверба. Да го претвориме ова време во време за реформи, и да почнеме од новиот устав“, изјавил Ердоган.

„Треба да ги оставиме настрана грижите за режимот на управување, така што земјата да се фокусира на иднината“, додал тој. Актуелниот шеф на државата ја презеде функцијата во август минатата година, откако беше премиер во текот на 12 години. Оттогаш тој се стреми да го реформира уставот и да ја претвори Турција во претседателска република.

На изборите на 1 ноември Партијата на правдата и развојот (Adalet ve Kalkınma Partisi - AKP) си го врати парламентарното мнозинство, а три дена потоа портпаролот на Ердоган повторно го покрена прашањето за промена на режимот на управување. „Прашање е како претседателскиот систем не може да се реши без народот. Ако механизмот бара референдум, тогаш ќе спроведеме референдум“, изјавил за новинарите Ибрахим Калан.

„Тоа не е прашање за личната иднина на нашиот претседател. Тој веќе влезе во учебниците по историја. Основната мотивација е да се направи систем во Турција толку ефикасна што е можно“, коментира Калан. Лидерот на прокурдската опозициска партија Селахатин Демиртас вчера го обвини Ердоган дека се обидува да создаде „уставна диктатура“.

„Планот на Ердоган за извршен претседателски систем не е модел за извршно претседателство, туку за самостојно управување, уставна диктатура, која ја собира целата власт во рацете на еден човек“, изјавил Демиртас во интервју за „Ројтерс“.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај