Eрдоган се огледува на Хитлер
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2016
Претседателскиот систем на Германија во времето на Адолф Хитлер, за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претставува пример за ефикасно државно уредување.
Турскиот лидер денеска изјави дека системот во хитлерова Германија за него е доказ дека можен е претседателски систем со истовремено одржување на унитарната структура на државата.
Инаку, турскиот претседател сака да го смени Уставот на Турција за да си даде себе си повеќе овластувања. Со тоа, тој сака церемонијалната титула претседател да стане извршна власт, односно да воведе турска верзија на систем како што има во САД.