18 Мај, 2024
0.0506

ЕСКОБАР КАЖА „ПРАВОСЛАВНИ ЛУЃЕ“, ИНТЕГРА ОСТРО: Американската амбасада да се извни

Објавено во: Македонија 13 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија бара јавно извинување од Американската амбасада за, како што навдеува во соопштението испратено до медиумите, недоличното преименување на Македонскиот народ во „православни луѓе“ од страна на Заменик Помошникот на Државниот секретар Габриел Ескобар, во интервју за медиум во Америка.

-Во вакви околности и токму поради вакви негирања на државотворноста на Македонскиот народ во татковината Македонија,  НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ промена на Уставот со цел внесување на бугарската малцинска етничка група во Преамбулата на Македонскиот Устав. Принципот на реципроцитет во Теоријата на разрешување на конфликти е базичен и од истиот не смее да има отстапувања. Бугарската држава ќе мора по истиот тој базичен принцип на реципроцитет да го признае официјално постоењето на Македонското етничко малцинство во Бугарија и ќе мора да престане со негаторските политики кон сиот корпус на Македонските етнички идентитетски столбови, наведува ИНТЕГРА.

Инаку за ваквата изјава на Ескобар реакција има и од страна на Џејсон Мико, поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, кој на својот профил на Твитер напиша:

„Официјална политика на Стејт департментот на САД? Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар: #Македонија е ‘вистински пример за мирен соживот меѓу Албанците и православните луѓе’. Само што ги избриша Македонците.



Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање