ЕСМ за една недела купи увозна струја од 9 милиони евра, речиси 3 милиони за ЕТМТ Енерџи
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2022 07:30
ЕСМ го објави купопродажниот резултат на електрична енергија од приватни снабдувачи за тековниот период од 7 до 13 ноември, во кој е предвидено да се купи струја од околу 3,6 милиони евра за домаќинствата и малите потрошувачи.
Ова е прва испорака откако започна грејната сезона, а изминатиот период ЕСМ се потпираше на сопствените капацитети. Од следната недела ќе се купува уште повеќе, а најмногу од контроверзната компанија ЕТМТ Енерџи и ГЕН-И. Вкупно, ЕСМ за две недели ќе потроши речиси 9 милиони евра.
За оваа недела од ГЕН-И по цена од 222 евра од мегаватчас се купени 7.392 мегаватчасови. Од Данске Комодитис се превземаат 4.368 мегаватчасови по цена од 215 мегаватчасови. Најевтината прифатена понуда е од Дуферко со 5.040 МВЧ со платени 205 евра за секој од нив. За цените може да се каже дека се помали од најкритичниот пик за берзите, но и натаму се далеку повисоки од оние од пред две години кога можеше да се купува по 50 евра од МВЧ.
Сепак, она што ќе следува следната недела од 14 до 20 ноември ќе претставува голем финансиски предизвик и ќе се потрошат 5,33 милиони евра. Поголеми се количините, а повисоки се и цените. Од контроверзната албанска компанија ЕТМТ Енерџи, која претходно ги купуваше вишоците од ЕСМ и својата дејност во Македонија ја започна со почетокот на енергетската криза, се купуваат 8.400 мегаватчасови од по 234 евра во еден термин, како и 3.570 мегаватчасови по цена од 251 евро во вториот термин. Тоа се безмалку 2,9 милиони евра само за една недела за ЕТМТ Енерџи.
Следната недела ќе се купува уште и од Дуферко со кого во првиот термин се договорени 5.040 мегаватчасови по 234 евра, додека во вториот термин од ГЕН-И за 288 евра се купуваат 4760 мегаватчасови. ГЕН-И би остварил најголем промет од околу 3 милиони евра.
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера пред медиумите изјави дека увозна струја мора да се купува затоа што пресметките велат дека трошокот за ТЕЦ Неготино бил поголем. Според министерот, поисплатливо е да се купува струја од снабдувачи, отколку да работи термоелектраната.
- Ако работи ТЕЦ Неготино производството по мегават час ќе биде поголемо од цената што е увозна. За да не направиме штета на буџетот, ние одлучивме - подобро да увеземе од овие количини кои се околу 200 евра, а производствената цена на ТЕЦ Неготино со мазутот е поголема од 240 евра по мегаватчас. Ние одлучивме да штедиме и ТЕЦ Неготино да не работи во овој момент, согласно берзанските цени на електрична енергија, рече вчера Бектеши.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




