ЕЦБ: Грчките банки имаат потреба од 14,4 милијарди евра
Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2015 13:46
Четирите најголеми грчки банки имаат потреба од 14,4 милијарди евра за докапитализација, за да преживеат. Ова го објави Европската централна банка „ЕЦБ“.
Четирите финансиски институции се „National bank of Greece“, „Piraeus bank“, „Alpha bank“ и „Eurobank“, пренесоа агенциите.
Третиот пакет со финансиска помош за Грција е со вредност 86 милијарди евра. Од нив 25 милијарди евра се предвидуваат за рекапитализација на банките. Според основното сценарио стрес тестовите покажаа капитален дефицит од 4,4 милијарди евра во 4-те системски банки. Според негативно сценарио дефицитот достигнал 14,4 милијарди евра.
До 6 ноември банките мора да и обезбедат на „ЕЦБ“ планови за покривање на капиталните потреби. Во нив треба да се објасни како тие имаат намера да се пополни дефицитот од средства. Тогаш ќе започне процесот на докапитализација на програмата за економско урегулирање, која треба да заврши до крајот на годината.
Покривање на дефицитот преку зголемување на капиталот ќе доведе до создавање на резерви во сите 4 грчки финансиски институции. Ова ќе ја подобри одржливоста на билансите и нивната способност да се справат со можни неповолни макроекономски шокови.
Денес се очекува парламентот да го усвои законот за докапитализација, кој, според Владата, ќе овозможи да се избегнат грешките од минатото и да се поправи банкарскиот систем.
Грчките финансиски институции имаат соодветна капитализација благодарение на пристапот до Евросистемот, но мора да завршат со процесот на докапитализација до крајот на годината, за да не настрадаат штедачите според новите правила на ЕУ. Инаку ќе треба да ги користат нивните средства за рекапитализација на банките. Од 1 јануари 2016 година се гарантираат депозитите до 100 000 евра во Грција.
Оценката беше објавена по неколку години по ред на пад, кој Грција не успеа да го надмине и со 3-те кредитни договори во вредност од стотици милијарди евра со меѓународните институции.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




