06 Мај, 2024
0.0243

ЕУ: Банкарскиот сектор стабилен, дополнителни мерки за ублажување на ризиците во однос на кредитирањето недвижности

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор  на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување  на монетарната политика. 

Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). 

Во заклучоците се потенцира дека и покрај пандемијата и енергетската криза, банкарскиот сектор останува стабилен, односно високо капитализиран и ликвиден, со ниско учество на нефункционалните пласмани. Во оваа насока делува и воведувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот, a воведувањето на други дополнителни макропрудентни мерки би ги ублажиле потенцијалните ризици во однос на кредитирањето на недвижностите. 

Во заклучоците, се нагласува потребата од натамошно будно следење и соодветно реакција на политиката доколку е потребно, а со цел  одржување на ценовната стабилност на среден рок. За остварување на овие цели во заклучоците се наведува потреба од одржување и заштита на независноста на централната банка.

Во рамки на економскиот и финансискиот дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2023-25 година од страна на земјите кандидати, институциите на ЕУ даваат свој осврт и оценка на реформите во различни сфери на економијата и финансискиот систем. Оваа година, просечната реализација на препораките за нашата земја изнесува 48,6%, што е подобрување во однос на лани (43,1%) и воедно втор резултат во групата земји. Во рамки на препораките од доменот на работењето на Народната банка, препораката во однос на внимателно следење на инфлацијата и подготвеност за затегање на монетарната политика доколку е неопходно за одржување на среднорочната ценовна стабилност, е единствена пропорака за нашата земја која што е оценета како „целосно спроведена“. 

Препораката за натамошно подобрување на регулаторната рамка за банкарскиот систем е оценета како „значително спроведена“, согласно донесениот Закон за финансиска стабилност, како и очекувањето за донесување на Законот за решавање на банка

Вицегувернерката Емилија Нацевска ја претставуваше Народната банка на ЕУ дијалогот.  Во своето излагање, таа истакна дека креаторите на политиките се наоѓаат пред сериозни предизвици да управуваат со повеќе кризи кои се преклопуваат. 

- Централните банки ја заменија долгогодишната олабавена со затегната монетарна политика. Притоа и нашата централна банка започна со постепено прилагодување на монетарната политика, соодветно на новите предизвици - истакна таа. Зборувајќи за одговорот на Народната банка, вицегувернерката Нацевска кажа дека реакцијата на монетарната политика започна на крајот на 2021 година, најпрво преку интервенциите на девизниот пазар за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот, а од април 2022 година и преку постепено но континуирано зголемување на каматната стапка на монетарните инструменти. Дополнителни мерки беа преземени и кај задолжителната резерва, насочени кон поттикнување на растот на заштедите во домашна, наместо во странска валута, а беа донесени и макропрудентни мерки за унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор. 

- Промената во монетарната политика влијаеше на условите на финансирање, ги стабилизираше очекувањата и придонесе кон забавување на инфлацијата - посочува Нацевска и објаснува дека инфлацијата кај нас кон крајот на минатата година го достигна својот врв и оттогаш растот забавува. 

Годинава имајќи ги во предвид намалувањето на глобалните ценовни притисоци, како и затегнатите финансиски услови, се очекува инфлацијата да се стабилизира на 8-9%, пред да се врати на историската „нормала“ од околу 2%.

Вицегувернерката истакна дека и покрај постојаната појава на разни кризни ситуации, успешно е задржана стабилноста на курсот на денарот, кој е пак сидро и на ценовната и на финансиската стабилност. Едновремено, мерките кои ги презема Народната банка придонесоа кон поттикнување на штедењето во денари, со видливи ефекти во валутната структура кај штедните влогови од крајот на 2022 година наваму.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст