18 Мај, 2024
0.0262

ЕУ децидна: Да се расчистат сметките, па тогаш Британија ќе може да си оди

Објавено во: Свет 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Велика Британија не постигнала "доволен напредок" во преговорите со ЕУ за Brexit за да можат да почнат трговските и транзитните дискусии, пишува британскиот The Independent. По завршувањето на четвртиот круг на преговори меѓу Брисел и Лондон, главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние изјави за новинарите дека постигнале "јасност" за голем број прашања, но предупреди дека линија, наметната од ЕУ за преминување кон трговски преговори, сеуште е на "месеци растојание".

Излегува дека и на крајот на последната рунда главната пречка за започнување на разговори поврзани со трговските и транзитни договори, останува сметката која Велика Британија треба да ја плати пред да ја напушти Унијата. Барние инсистира на тоа дека ова треба да се одлучи пред започнувањето на трговските преговори или транзиционите разговори.

Дејвид Дејвис, главен преговарач од страна на Лондон, во почетокот на неделава, тврдеше дека разговорите околу "разводот" треба да се водат заедно со разговорите за преодниот период. Барние тврди дека нема "логична и доследна врска" меѓу двете прашања и според него тие треба да бидат дискутирани заедно.

Со оптимистички тон, но откривајќи фрустрирачка порака за Велика Британија, Барние додава: "Говорот на премиерот во Фиренца создаде нова динамика во нашите преговори". Тој ги има на ум зборовите на Тереза ​​Мај од пред неколку дена, кои рекоа дека "има нова динамика во преговорите".

"Да, имавме конструктивна недела, но сé уште не направивме доволно напредок", рекол Дејвис.

ЕУ веќе неколку пати изјави дека нема да се дискутира за идните трговски односи на Велика Британија со ЕУ додека не биде постигнат "доволен напредок" во однос на она што го нарекуваат "прашања по отцепувањето".

Овие прашања се претежно со границата со Северна Ирска, правата на граѓаните на ЕУ во Велика Британија и колку ќе плати Лондон, за да ги покрие своите обврски, кога ќе ја напушти ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск