ЕУ ДЕФИНИТИВНО СЕ НАЛУТИ НА АСТРАЗЕНЕКА: Европската Комисија не го обнови договорот за нови нарачки
Објавено во: Свет 09 Мај, 2021
Европскиот
комесар за единствен пазар Тиери Бретон изјави денеска дека Европската комисија
не го обновиладоговорот за нарачките за вакцини од компанијата АстраЗенека по
истекот на јуни, пренесува Ројтерс.
Европската комисија минатиот месец поднесе тужба против АстраЗенека за непочитување на одредбите од договорот за набавка на вакцините против корона вирусот.
Британско-шведската фармацевтска компанија исто така е критикувана дека нема „сигурен“ план што ќе овозможи навремено доставување дози.