13 Мај, 2024
0.0254

ЕУ го одврзе ќесето за Африка - колку ќе потроши?

Објавено во: Економија, Свет 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Европската унија ќе потроши до крајот на годината речиси половина милијарда евра во Африка. 

Ова се пари за пет африкански држави, во рамките на напорите за справување со миграциската криза. Ова го соопшти првиот дипломат на Унијата, Федерика Могерини во Брисел денеска. 

24 проекти со вкупна вредност од 425 милиони евра ќе бидат започнати до крајот на годината во Нигер, Нигерија, Мали, Сенегал и Етиопија, со кои ќе се организираат активности за борба против трговијата со луѓе, ќе се стимулира вработувањето,  ќе се подобруваат условите за бегалците и за локалното население. 

Програмите се дел од Европската агенда за миграцијата, кој ЕУ го усвои во почетокот на летото за работа во пет приоритетни држави во Африка. Парите ќе дојдат од создадениот  Фондот за Африка,  чиј буџет за следната година Европската комисија бара да се удвои.

„Нема да чекаме долго за првите враќања на мигранти од Европа"- вети Могерини.

Се очекува во наредните месеци со помош на европската дипломатија вработени од Мали, Сенегал и Нигерија да бидат испратени на мисии во еврочленките за идентификување на илегални имигранти без документи. Етиопија ќе помага да издава документи за идентификација на своите граѓани, а на Сенегал да си го подобри граѓанскиот регистар и да започне да издава биометриски пасоши.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра