ЕУ и додели 3 милијарди евра на Турција за бегалците
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2015 10:51
Лидерите на Европската унија постигнаа согласност за доделување на 3 милијарди евра помош за Турција, за да може земјата да се справи со бегалскиот бран, соопштува „Волстрит џурнал“. На крајот на самитот во Малта, европските лидери изјавија дека се подготвени да и ја доделат на Турција оваа сума во наредните 2 години.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјавил дека „парите треба да им помогнат на сириските бегалци во Турција“. Јункер изјавил дека во оваа фаза се предвидени 500 милиони долари од буџетот на Централна Европа, но и призна дека сеуште треба да се разјаснат деталите за тоа како ќе бидат собрани останатите 2,5 милијарди евра од буџетите на останатите земји-членки.
„Земјите членки ќе треба за две години да ги соберат останатите 2,5 милијарди евра. Тоа е тешко, но треба да се обезбеди потребната сума од 3 милијарди“, додал Јункер.
На средбата беше донесена одлука и за посебниот самит помеѓу лидерите на ЕУ и претседателот на Турција Реџеп Ердоган. Според претседателот на Европскиот совет Доналд Туск 99% е сигурно дека оваа средба ќе се одржи на крајот на ноември.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




