ЕУ и Косово потпишаа договор за асоцијација
Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2015 10:50
Европската унија и Косово потпишаа договор за асоцијација и стабилизација.
Претставници на двете страни ги поставиле своите потписи на документот за време на сесијата на Европарламентот во Стразбур.
Страните истакнале дека постигнувањето на овој договор е „пресвртница, бидејќи се воспоставува договорни односи помеѓу Косово и ЕУ“.
Преговорите помеѓу ЕУ и Косово за договорот за стабилизација и асоцијација започнаа во октомври 2013 година. Тоа е првиот чекор кон членството на Косово во заедницата. Во замена Косово е посветена на политички, економски и трговски реформи и гарантирање на човековите права. Од своја страна ЕУ може да и обезбеди на земјата бесцарински пристап на пазарот на ЕУ, како и финансиска или техничка помош.
Во 2008 година Косово прогласи независност, и веднаш ја доби поддршка од ЕУ и САД. Независноста на Косово денеска ја признаа 23 од 28-те членки на Унијата.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




