19 Мај, 2024
0.0277

ЕУ и се заканува на Грција со „замрзнување“ на нејзиното членство во Шенген поради бегалците

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Европската унија (ЕУ) ја предупреди Грција дека може да го „замрзне“ нејзиното членство во Шенген, ако не ја преиспита својата политика кон бегалците и миграциската криза до средината на декември, објави „Financial Times“.

Весникот забележува дека предупредувањето е поради зголеменото незадоволство поради отпорот на Атина да прифати надворешна помош за справување со бегалскиот бран.

Неколку европски министри и официјални претставници на ЕУ сметаат дека има некои сериозни недостатоци во граничната контрола во Грција и се обидуваат да го убедат премиерот на земјата Алексис Ципрас да го исполни ветувањето и да прифати помош од ЕУ.

Ако ЕУ ја исполни заканата, тоа ќе биде прв случај на „замрзнување“ на членството на држава од Шенген откако договорот е потпишан во 1985 година, наведува весникот.

Овој месец Европската комисија (ЕУ) ќе предложи заедничка контрола на границите на заедницата, и посебно граничната единица ќе одговара најмногу за надворешните граници на Унијата, потсетува весникот.

Од почетокот на годината над 700 илјади имигранти влегле во Грција. Предвид степенот на бегалската криза европските власти се збуниле од одлуката на Ципрас да ја отфрли помошта на европската гранична агенција „Фронтекс“, вклучувајќи и дополнителни машини за земање на отпечатоци при регистрација на луѓето. Грчката влада отстапува и за предлозите на хуманитарна помош, а истовремено не успева да ја приспособи реалноста и системот за регистрација на бегалците.

На средбата на министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ, која ќе се одржи во петок, ќе се дискутира за драстични мерки против Грција, ако земјата не преземе мерки до средината на декември, кога ќе се одржи и средба на врвот на ЕУ, објавија некои дипломати, кои побарале анонимност.

Заканата за „замрзнување“ на грчкото членство во Шенген е упатена оваа недела за време на посетата на министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, кој претседава со ЕУ во моментов, во Атина.

Претставници на грчките власти ги негираат обвинувањата дека владата не сака да соработува и дека Ципрас не ги исполнува своите ветувања за бегалската криза. Друг претставник на грчката Влада, кој побарал анонимност, сепак, признава за проблемите и пропустите, но нагласува дека „замрзнувањето“ на членството на земјата во Шенген нема да го реши проблемот со бегалците. „Нема бегалци, кои ќе ја напуштаат Грција по воздух“, коментирал тој.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел