Добивај вести на Viber
Европската унија ќе продолжи да ја поддржува изградбата на Коридорот 10 и Коридорот 8, во рамките на ИПА 1 и ИПА 2 програмите, уверуваат за Дојче веле од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Извори од Брисел сепак признаваат дека има „одредени размислувања за поместувања во приоритетите за поддршка на изградба на патната инфраструктура, но не веднаш, и тоа не ги загрозува досега планираните активности“. Од таму не прецизираат од кога би важеле тие поместувања и дали се однесуваат и на двата коридори кои поминуваат низ Македонија.
Европската унија од својата единствена трансевропска сообраќајна мрежа ги исфрли Коридорот 10 и Коридорот 8. Наместо Коридорот 10, во деветте клучни коридори кон кои се насочува поддршката на Европската унија, само еден поминува низ регионот – Коридорот
Ориент-Источен Медитеран, кој како рута, наместо патниот правец Србија-Македонија-Грција, поминува низ Романија-Бугарија-Грција.
Кон овој коридор и останатите осум наведени во оваа
ЛИСТА ќе биде насочена европската финансиска поддршка за периодот 2014-2020 година, стои во документите на ЕУ.