27 Април, 2024
0.0265

ЕУ подготвува нов самит за Брегзит-што ќе се одлучува?

Објавено во: Свет 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија ќе има нова средба со врвот на крајот на април или почетокот на мај, за да ги одобри насоките за преговори со Британија за Брегзит, соопшти извор од Брисел. 

Досегашните планови ова да се случи на вонредна средба на 6 април веќе не се дискутираа, бидејќи дотогаш нтема да има доволно време за подготовка. 

„Британското известување на 29 март не остава многу време за подготовка на Европски совет на 6-7 април, кој ќе ги одобри насоките за Брегзит“, изјавил извор од Брисел.

Според соопштението на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој е одговорен за свикување на состаноците на врвот, за 48 часа ќе бидат објавени нацрт насоките. 

Претходно денеска Британија најави дека на крајот на месецов официјално ќе го активира Член 50, кој го предвидува излегувањето од ЕУ. 

Се очекува претстојната средба да зависи делумно и од француските претседателски избори, кои ќе се одржат на 23 април и 7 мај, посочува друг европски извор. По одобрувањето на преговорите според правила на европско ниво, тие треба да бидат прифатени и во одделните земји, по што ќе му се даде официјален мандат на Мајкл Барнер, кој е одговорен за преговорите со Лондон од страна на Европската комисија.

Според претставници од Брисел не се очекува преговорите да започнат пред јуни.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни