26 Април, 2024
0.0329

ЕУФОРИЈА ВО РЕГИОНОТ: Медиумите пишуваат за успехот на „Медена земја“

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Еуфорија има и во регионот, поради успехот на македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој ќе се бори за Оскар. 

Српските медиуми пишуваат за двојната номинација на „Медена земја”. 

Филмот има две номиинации за престижната награда Оскар во категориите најдобар странски филм и најдобар документарец.

Медиумите од соседството пишуваат детали за содржината на филмот, за екипата и за досега добиените награди, меѓу кои и триумфот на фестивалот  „Санденес” во јануари лани.

Би-би-си на српски јазик во текст нсловен „Оскар и земјата на медот: како филм од Северна Македонија влезе во историјата на светскиот филм”, пренесува изјава на продуцентот и монтажер на филмот Атанас Георгиев дека земјава има мала филмска продукција, но многу талентирани уметници и добри приказни може да се најдат на секој чекор.

„Кога филмот освои три награди на фестивалот „Санденс”, кој е основан од актерот и режисер Роберт Редфорд, пишуваа „Гардијан”, „Њујорк тајмс”, „Ролинг стоун” и „Венити фер”, наведува „Данас”.

Хрватски индекс пишува дека филм  од регионот заработил дури две номинации за Оскар. 

Пред неколку дена хрватските медиуми објавија дека „Медена земја“ ќе се прикажува во нвните кина. 

Единствениот македонски филм кој претходно добил номинација за Оскар е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година. Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Доделувањето на престижната награда ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“