07 Мај, 2024
0.0267

„Еурмакс ресоурсис“ тврди дека рудникот е безбеден

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство, тврди компанијата „Еурмакс ресоурсис“ која е концесионер на рудникот „Иловица-Шутка“.

Оттаму велат дека рудникот ќе се развива согласно највисоките стандарди за животната средина, согласно законите во земјава и највисоките меѓународни принципи.

„Проектот се развива во соработка со сите релевантни институции во Република Македонија на локално и национално ниво и ќе донесе бенефит за локалната и националната економија.

Во изработката на студиите и сите потребни документи за развој на проектот работеа реномирани домашни и интернационални експерти кои со својата експертиза гарантираат за безбедност на проектот“, тврди компанијата по денешните протести против отворање на рудникот.

Имајќи ја предвид загриженоста на заедницата, од компанијата соопштија дека одлучиле да не користат цијанид во постапката, иако тврдат дека оваа постапка е целосно безбедна, а нема да се користи ни сулфурна киселина.

„Ќе користиме само процес на флотација, кој веќе се користи во Македонија и е целосно безбеден процес. Како и досега ќе продолжиме да работиме на транспарентен начин со локалното население и со сите институции и организации и сите наши документи како и Студијата за заштита на животната средина се јавно достапни. Отпочнавме и дијалог со граѓанските здруженија се со цел да излеземе во пресрет за давање на сите потребни информации на заинтересираните групи за да можат да ги темелат сите ставови на факти и вистини“, се вели во соопштението на „Еурмакс ресоурсис“.

Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш во Струмица против ископ на рудникот „Иловица“. На протестот граѓаните на Струмица и околината го искажаа својот револт против изградбата на рудникот извикувајќи „Стоп за Иловица“, „природата и здравјето пред профитот“.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот