20 Декември, 2025
0.0718

„Еуроактив“: Проширувањето на ЕУ не е на листата приоритети на грчкото претседателство

Објавено во: Балкан 23 Август, 2013 15:57

Добивај вести на Viber

И покрај претходните тврдења од страна на Атина дека Грција е посветена на проширување на Европската  унија со земјите од Западен Балкан, политиката на проширување не е во приоритетите на Грција за престојното претседателство, пишува „Еуроактив“. Како што јави МИА,  приоритетите на грчкото претседателство, објавени на веб Втраницата на грчкото МНР се поделени во четири поглавја: раст, работни места и кохезија, понатамошна интеграција на ЕУ и еврозоната, миграции, граници и мобилност и поморски политики. „Проширувањето е видливо отсутно од листата на приоритети, и покрај посветеноста од страна на Атина во рамките на заедничката програма на т.н. тројно претседателство - во моментов составено од Ирска, Литванија и Грција - кое го дефинираше проширувањето како ’област од стратешка важност’“ - коментира порталот„Еуроактив“. Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Куркулас, за порталот изјавил дека проширувањете отсекогаш било и ќе продолжи да биде врвен приоритет за неговата земја, но додал дека „наместо на големи настани или состаноци, Грција за време на своето претседателство ќе ја турка секоја земја посебно, врз основа на заслуженото“. - Со оглед на тоа што политичката ангажираност е во име на целата Европска унија, нашата цел е да продолжиме со конкретни чекори, прилагодени на специфичните потреби и околности на секој конкретен случај. Во овој контекст, грчкото претседателство ќе биде посветено на промовирање на проширувањето на Унијата и ефективно справување со предизвиците со кои секоја земја кандидат се соочува во овој специфичен момент - изјавил Куркулас.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација